На 31.01.2022 во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека Б.Л.(33) од с.Белче, демирхисарско, се здобил со повреда додека извршувал работни задачи во фирма во с.Сопотница, демирхисарско.
Извршен бил увид од полициска екипа, а за настанот бил известен и трудов инспектор.