На 02.02.2022 во полициското одделение во струшкото село Велешта приведен е Е.Г.(22) од с.Лабуништа, кој претходно во селото физички го нападнал Н.Г.(53) од истото село и со пиштол му се заканувал.
По судска наредба, полициски службеници извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа еден сигнален пиштол марка „Вruni“ калибар 9мм.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.