четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Тешко повредено дете во Сарај, го удрило автомобил- уште едно лице заврши во болница

ФОТО: Тешко повредено дете во Сарај, го удрило автомобил- уште едно лице заврши во болница
алсат

Дете се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил. Несреќата се случила попладнево во селото Кондово, во близина на медресата, дознава Алсат.

Детето веднаш е пренесено во болница. На местото има полиција која го истражува случајот. Според очевидци до несреќата дошло поради големата брзина со која се движело возилото, пренесува Алсат.

Според ТВ 21 пак, се случила сообраќајка во која учествувале 3 автомобили.

Според информациите на ТВ 21, повредени се двајца ученици кои се движеле по тротоарот и моментално се на лекување во болница.