среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот на Северна Ирска поднесе оставка поради Брегзит

Премиерот на Северна Ирска поднесе оставка поради Брегзит

Премиерот на Северна Ирска Пол Гиван поднесе оставка во знак на протест против трговските правила по Брегзит.

-Денеска е крајот на тоа што беше мојата животна привилегија, рече Гиван на прес-конференција.

Гиван на оваа функција мина помалку од една година, пренесуваат британските медиуми.

Министерот за Северна Ирска во британската Влада, Брендон Луис, изјави дека одлуката на Гиван да поднесе оставка е „крајно разочарувачка”.