На 05.02.2022 година околу 22.00 часот во гостиварско Мало Турчане, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода З.В.(25) од гостиварско Сенокосе, С.Ш.(25) од гостиварско Врапчиште и А.С.(26) од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, дробилка и нож.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.