Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски ќе го пропушти четвртиот турнир од АБА 2 лигата што од денеска до сабота ќе се одржи во Бања Лука.
Искусниот репрезентативец се повреди на претходниот меч од домашното првенство, против Куманово и воопшто не отпатува со остатокот од тимот за БиХ.
Станува збор за повреда на скочниот зглоб која бара малку подолг одмор и Дамјан нема да може да помогне во обидот да се нападне првото место на табелата во АБА 2 лигата.
Војдан е со екипата и ќе биде во комбинација за утрешниот меч со Сутјеска, а ако нема дополнителни проблеми, двајцата ќе бидат на располагање на тренерот Радуловиќ за завршницата од Купот на Македонија, што се игра од 18 до 20 февруари.