среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Неделен хороскоп од 7 до 13 февруари: Препуштете му се на непознатото!

Неделен хороскоп од 7 до 13 февруари: Препуштете му се на непознатото!

Прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно.

Овен

Оваа недела конјукцијата на Марс со Јупитер ќе влијае поволно врз вашиот финансиски сектор, како и секторот поврзан со вашата кариера. Тоа може да значи зголемување на платата, но и можност да преминете на повисока работна позиција. Ова е една од вашите најдобри шанси за напредок оваа година, па затоа искористете ги можностите кои ви се нудат во овој период.

Бик

Самиот почеток на неделата е одличен момент да започнете со нешто ново и возбудливо. Месечината ќе биде во вашиот знак додека формира врска со Марс во Јарец. Време е да размислувате за големи подвизи и да преземете ризик што ќе ви донесе нови и неверојатни можности. Оваа година ќе биде поинаква од другите, бидејќи универзумот ќе ви даде шанса да го искусите животот и да уживате во него со ширум отворени очи.

Близнаци

Додека средбата помеѓу Меркур и Плутон ја достигнува својата кулминација оваа недела, вашата интуиција сè повеќе доаѓа до израз. Одеднаш, сите ситуации што се појавија почнуваат да имаат смисла. Но, најголема вест е дека астероидот Церес влегува во вашиот знак што значи дека во следните неколку месеци ќе чувствувате поголема потреба да се грижите за себе, почнувајќи од здравата исхрана и подобрување на менталното здравје.

Рак

Време е да ја напуштите зоната на удобност бидејќи колку повеќе се впуштате во непознатото, толку повеќе можности ќе се појават. Ова ќе дојде до израз особено за време на викендот кога Месечината во вашиот знак ќе се поврзе со многу различни планети. На повидок е и нова љубовна романса.

Лав

Ова е совршена недела за да направите големи и смели подвизи во кариерата. Ве очекуваат нови можности, а за нив подетално ќе дознаете следната недела. Не двоумете се дали да им помогнете на другите особено во поглед на напредокот на работа, затоа што тоа ќе ви послужи во иднина.

Девица

Со оглед на тоа што најголем дел од астролошките активности ќе бидат поврзани со земјените знаци, вие ќе останете фокусирани на себе, заборавајќи притоа на надворешниот свет. Постои веројатност и да бидете опседнати со нов љубовен занес и иако сè на почетокот ќе ви биде збунувачко, нештата ќе станат појасни следната недела.

Вага

Од астролошки аспект, универзумот ќе ви биде особено наклонет оваа недела. Врската Марс-Уран укажува на ненадејни, но добри промени особено во поглед на домашниот живот. И за среќа, на повидок се убави изненадувања. Бидете подготвени да ја промените вашата рутина дома бидејќи тоа ќе ви го олесни животот во текот на следните недели.

Скорпија

Доколку сте во врска, оваа недела е вистинскиот момент да се фокусирате на подобрување на комуникацијата со вашиот партнер. Ова е особено точно доколку работите се интензивирале во текот на јануари кога ретроградната Венера предизвикала драма во вашиот комуникациски сектор. Истото важи и ако имате деловен партнер бидејќи тоа ќе ви помогне полесно да ги пренесете вашата идеи и замисли.

Стрелец

Многу недели досега се фокусиравте на тоа како да ја ставите под контрола вашата финансиска состојба. Не грижете се бидејќи во неделите што следуваат, планетите ќе ви помогнат да се справите со евентуалните финансиски пречки. Доколку размислувавте да се пријавите за програми за финансирање, тогаш токму ова е вистинскиот момент.

Јарец

Од астролошки аспект, вам ќе ви биде најповолна положбата на Марс и Уран, при што Марс ќе ви ја пружи сета можна енергија која ќе ви биде потребна за остварување на вашите планови. Покрај тоа, постои голема можност да се запознаете и со нови луѓе кои ќе ви помогнат.

Водолија

Астероидот на бракот, Јунона, сега е во вашиот знак. Од денес па сè до средината на април ќе почувствувате нова потреба посериозно да ја сфатите својата врска. Иако сепак не спаѓате во групата на најпосветени знаци, сепак, Јунона ќе ви помогне да го промените начинот на поврзување со партнерот. Доколку сте во сериозна врска, астероидот може да влијае во поглед на долгорочната посветеност како и можноста за брак.

Риби

Оваа недела е идеална за да почнете да се фокусирате на луѓето околу вас. Излезете, дружете се, споделете ја вашата позитивна енергија со другите. Астролозите ви предвидуваат дека на овој начин ќе наидете на некој кој може да ви помогне полесно да ги остварите вашите замисли. Сè што ви е потребно е отворениот ум и подготвеност за нови познанства.

 

извор: kafepauza