сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

ОФИЦИЈАЛНО: Минималната плата ќе изнесува 18.000 денари

ОФИЦИЈАЛНО: Минималната плата ќе изнесува 18.000 денари

Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите, објави Ковачевски на Фејсбук.

– 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните, истакна Ковачевски.