Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е еден од најскромните фудбалери во светот. Сенегалецот заработува милиони евра годишно, меѓутоа не ги троши на луксузни работи, туку им помага на луѓето на кои им е најпотребно.
Сенегалецот донираше многу пари во својата татковина во борбата против сиромаштијата, но и за својот роден град, каде што изгради болница и им помогна на многу семејства.
Мане повторно е во центар на внимание поради потегот кој го направи пред речиси две недели, кога по мечот против Буркина Фасо заврши во болница затоа што имаше потрес на мозок.
Одличниот играч беше во болница на прегледи и за среќа имал само слаб потрес на мозок, а додека се случуваше тоа, Мане дознал дека на едно семејство му требаат пари за да ја плати сметката во болница, па решил самиот да даде околу 600 евра.
Мане на таков начин му помогнал на едно момче, кое имало опасни повреди по живот, а семејството во солзи му се заблагодари на репрезентативецот на Сенегал.
When Sadio Mané was being treated for concussion after his clash against Burkina Faso, he found about a family who couldn’t afford a hospital bill.
So he paid the CFA 400,000 bill for the family of a child with life-threatening injuries. [Seneweb] 🙏
— Watch LFC (@Watch_LFC) February 8, 2022