среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мане во Ал-Наср ќе заработува повеќе од 40 милиони евра годишно

Мане во Ал-Наср ќе заработува повеќе од 40 милиони евра годишно

Стана позната идната плата на напаѓачот на Баерн, Садио Мане, кој е блиску до преселба во Ал-Наср, пренесува „Sky Sport“.

Според изворот, 31-годишниот Сенегалец ќе заработува повеќе од 40 милиони евра годишно.

Претходно Мане не беше вклучен во пријавата за пријателски натпревар против Кавасаки поради претстојната промена на клубот.

Мане минатото лето се пресели во Баерн од Ливерпул. За Баварците одигра 38 натпревари, постигна 12 гола и шест асистенции. (МИА)