вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Лихт ќе пропушти четири до шест недели

Де Лихт ќе пропушти четири до шест недели

Дефанзивецот на Баерн, Матијс де Лихт ќе биде принуден да пропушти 4-6 недели поради оштетување на лигаментите на коленото, пренесува „Bild“.

Фудбалерот се повреди за време на вчерашниот натпревар од на 1/16финалето на германскиот куп со Сарбрикен (1:2).

Дваесет и четиригодишниот Холанѓанец за Баерн настапува од јули 2022 година. Сезонава Де Лихт одигра 10 натпревари за германскиот клуб и постигна еден гол.

Пред Баерн, Де Лихт играше за Јувентус и Ајакс.