сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Павар сака да замине од Баерн

Павар сака да замине од Баерн

Германските медиуми пишуваат дека 27-годишниот француски фудбалски репрезентативец Бенџамин Павар нема намера да го продолжи договорот со Баерн и сака да го напушти шампионскиот тим од Минхен.

Павар има договор со Баерн до крајот на идната сезона, но изминатиот период неговиот менаџер веќе остварил средба со донеодамнешниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ, кого го известил за желбата на Французинот да замине од клубот.

Во меѓувреме, Салихамиџиќ беше отпуштен од должноста, заедно со членот на клупското раководство Оливер Кан, и неизвесно е дали новите челници ќе инсистираат Павар да остане во клубот.

Според германските медиуми, желбата на поранешниот фудбалер на Лил и Штутгарт да замине од Баерн е мотивирана од интерес за неговите услуги од Барселона.