недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД:Запленети 94.000 биткоини украдени во 2016 година, со денешна вредност од 3,6 милијарди долари

САД:Запленети 94.000 биткоини украдени во 2016 година, со денешна вредност од 3,6 милијарди долари

Тим 24 сре, 09.02.2022 | 8:06 am 0 Коментари
Министерството за правда на САД соопшти дека запленило повеќе од 94.000 биткоини украдени во 2016 година, кои денес вредат 3,6 милијарди долари. Биткоини биле украдени за време на хакирањето на менувачницата „Битфинекс“ (Bitfinex) во 2016 година.

Во акцијата беа уапсени две лица, Илја Лихтенштајн и неговата сопруга Хедер Морган – двајцата наводно „испрале“ 119.754 украдени биткоини откако хакер упаднал во системите на „Битфинекс“.

Денешните апсења, кои претставуваат најголема финансиска заплена досега, покажуваат дека криптовалутите не се безбедно засолниште за криминалците, истакна заменик-државната обвинителка Лиза Монако.

Двојката може да биде осудена на затворска казна од 20 години затвор.