Вчера (08.02.2022), во периодот од 11.00 до 13.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово, во рамки на континуираните акциски контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници (автобуси и комбиња), биле откриени и санкционирани 5 возила (ГВ) со неисправни сопирачки и 8 возила (ТЕ-4 и ГВ-4) кои непоседувале соодветни документација за вршење јавен превоз.
Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци по Законот за возила, а поднесоци ќе следат и против возачите и правните лица кои вршеле јавен превоз без комплетна документација, согласно член 284-А од Кривичниот законик.