Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (8 февруари) во 16 часот и 30 минути го лишиле од слобода 48-годишниот гостиварец П.М..
Како што информираат од СВР Тетово, тој утрото околу 6 часот, во станот во кој заедно живееле во Гостивар, физички ја нападнал неговата 34-годишна роднина (внука).
Се расчистува и документира случајот, по што ќе следува поднесок.