Ѕвездата на Баерн, Роберт Левандовски има желба следното лето да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“ и го облече „кралскиот“ дрес, пренесува шпанскиот „АС“.
Сега овој 33-годишен полски напаѓач е реална опција за првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез, пишува изворот
Реал пред Левандовски ги сакаше Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Шпанците посочуваат дека се очекува потписот на Французинот Мбапе од ПСЖ.
„АС“ тврди дека Левандовски е решен да ја заврши кариерата во Реал. Левандовски има договор со Баерн до летото 2023 година.
Сезонава за баварскиот гигант во Бундеслигата има 24 голови од 21 настап и моментно прв стрелец во тамошниот шампионат.