Денеска времето е умерено до значително облачно. Попладне во западните делови, а до крајот на денот на секаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска.
Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд.