Фудбалерите на Челзи кои не се вакцинирани против КОВИД нема да можат да учествуваат на реваншот на
гостински натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лил, кој ќе се одржи на 16 март.
Во Франција сите спортисти кои учествуваат на натпревари во земјата мораат да бидат вакцинирани против коронавирусот.
Постоеше можност средбата да се префрли на неутрален терен, но УЕФА ја отфрли оваа можност со заострување на правилата за КОВИД.
Првиот натпревар помеѓу Челзи и Лил ќе се одигра во Лондон на 22 февруари.