вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ЈА ПОГОДИ ХРВАТСКА: „Сè се тресеше, чаши, прозорци, лустери“

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ЈА ПОГОДИ ХРВАТСКА: „Сè се тресеше, чаши, прозорци, лустери“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер бил регистриран утрово околу 7 и 30 часот во подрачјето на Банија, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак, а бил почувствуван во Петриња и околните места.

– Сè се тресеше, чаши, прозорци, лустери – изјави за 24сата.хр читателка од Сисак.