Чешката влада денеска го укина задолжителниот сертификат за вакцинација за влез во ресторани и одење на разни настани, бидејќи бројот на заразени со сојот на вирусот омикрон почна да се намалува.
Хотелите и рестораните во Прага беа сериозно погодени за време на пандемијата и сега се надеваат дека ограничувањата нема да бидат вратени, објави Ројтерс.
Чешка е меѓу последните европски земји што ги ублажи ограничувањата во време кога владата се надева дека врвот на варијантата Омикрон е завршен.
Од денеска во Шпанија е укинато правилото за задолжително носење маски на отворено, а во Италија тоа ќе се прави утре, пренесе АП.
Двете земји имаат висока стапка на вакцинација против коронавирус, тренд на опаѓање на бројот на заразени и помали стапки на хоспитализација отколку за време на претходните пандемични бранови.