Шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид може да загуби неколку клучни играчи доколку не успее да обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.
Весникот „Марка“ информира дека е важно тимот од Мадрид да се пласираа во топ 4 во шпанското првенство и да си ги гарантираат исплатите кои произлегуваат од учеството во Лигата на шампионите.
Доколку Атлетико не успее да заврши меѓу четирите најдобри или да ја освои тековната Лига на шампиони, ќе се соочи со потреба да продава важни играчи меѓу кои се голманот Јан Облак, играчите од средниот ред Жоао Феликс и Маркос Љоренте.