петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кевин Дурент надвор од „ALL STAR 2022“, позната е неговата замена

Кевин Дурент надвор од „ALL STAR 2022“, позната е неговата замена

Кевин Дурент нема да учествува на натпреварот „Ол Стар 2022“. Кошаркарот на Бруклин Нетс беше кошаркарот со најмногу гласови во тимот на Источната Конференција на НБА. Тој беше избран и за капитен, а мораше да се соочи со најгласаниот кошаркар од Западната Конференција, Леброн Џејмс.

Сепак, Кевин Дурент ќе го пропушти овој натпревар поради повреда и на негово место ќе биде ангажиран Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс.

Тејтум оваа сезона има просек од 25,6 поени и 8,5 скока по натпревар.