На 12.02.2022 во 11.30 од страна полициски службеници од Полициска станица Гази Баба во круг на фабрика лишени се од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од скопско и Џ.К.(43) од Куманово, затекнати при извршување на кривично дело „кражба“.
Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се вратени на сопственикот.
Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.