петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца тинејџери се тепале со сограѓанин во Велес

Тројца тинејџери се тепале со сограѓанин во Велес
илустрација

На 13.02.2022 околу 01:00 часот во СВР Велес е пријавено дека во близина на спортска обложувалница во Велес, по претходна расправија, е нарушен јавниот ред и мир.

Се случила физичка пресметка помеѓу Д.С.(19), Б.Т.(19) и Г.Т.(18), од една страна и Т.Н.(21), од друга страна, сите од Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.