сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 238 возачи

Во Скопје казнети 238 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 26 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.