Два дена е блокирана автобуската станица во населба Лисиче.
Причина за тоа е паднато големо дрво кое службите изгледа не најдоа време да го отстранат.
Дрвото се срушило при последното невреме кое беше пред две вечери и за среќа никој не бил повреден.
Утрово на автобуската станица пред трговскиот центар во населба Лисиче, граѓаните коментираат дека општината треба нешто да превземе бидејќи дрвото им пречи.
Службите два дена седат со скрстени раце, ниту излегоа на терен, ниту наредија отстранување на дрвото.