Грчкото Министерство за надворешни работи денеска испрати препорака до грчките граѓани кои се во Украина веднаш да ја напуштат таа земја.
– Министерството за надворешни работи силно ги обесхрабрува сите патувања на територијата на Украина, а истовремено им препорачува на грчките граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата – се наведува во соопштението на грчкото Министерство, а пренесува порталот Катимерини.
Најавено е и дека персоналот на грчката амбасада во Киев е намален до степен што се смета за неопходен, но дека ќе се зголеми бројот на вработени во Генералниот конзулат во Мариупол.
Во меѓувреме, Соединетите Американски Држави и околу 20 други земји, меѓу кои Велика Британија, Германија, Холандија, Австралија, Нов Зеланд, Хрватска и Бугарија, ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина поради ескалацијата на тензиите меѓу официјален Киев и Москва.