Европската фудбалска федерација (УЕФА) реши да им излезе во пресрет на навивачите како поддршка за тешкиот пандемиски период и да им додели влезни билети за финалните натпревари од европските купови.
Претседателот Александар Чеферин и неговите соработници донеле одлука да одвојат вкупно 30.000 билети за финалните средби, вклучувајќи ја и Лигатана шампионите во женска конкуренција.
Според тоа, фановите на финалистите во ЛШ ќе добијат по 5.000 билети, во Лига Европа по 4.000, додека во Конференциската лига и женската ЛШ по 3.000 билети.
УЕФА потенцира дека на клубовите ќе им биде строго забрането да ги дели тие билети на спонзори и на членовите на раководствата.
Проценките се дека клубовите загубија 7 милијарди евра како последица од пандемијата.