Скопски ТФТ триумфираше денеска над Берое од Бугарија со резултат 95:88 , во последниот меч од регуларниот дел од сезоната во балканското натпреварување, играчите на ТФТ славеа победа и со 50% ефект (5-5) се пласираа на четвртото место во групата „Б“, доволно за пласман во следната рунда.
Во победничките редови Ландриус Хортон беше прв стрелец со 29 поени, следен од Александар Костовски со 17.
На спротивната страна 25 поени беа дело на Александар Георгиев, а четири помалку запиша Мартин Сотиров.