вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тројца ранети при експлозија во фабрика во Франција

Тројца ранети при експлозија во фабрика во Франција
фото илустрат

Три лица, од кои двајца сериозно, се повредени денеска при експлозија во фабрика за производство на изолациски материјали во централниот дел на Франција.

Како што соопшти француската полиција, ексползијата се случила во фабриката „Сопрема“ во местото Сен Жилиен ду Со во департманот Јо, по што во објектот избувнал пожар, кој набрзо бил изгаснат.

Веднаш по инцидентот сите присутни во објектот биле евакуирани.

Локалните власти информираа дека експлозијата не предизвикала ризици по животната средина и по здравјето на жителите на Сен Жилиен ду Со.

Причините за експлозијата засега не се познати. (МИА)