сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас: Против Италија шансите се 50:50

Елмас: Против Италија шансите се 50:50

По одличниот настап за Наполи во мечот против Барселона во Лига Европа, нашиот репрезентативец, Елиф Елмас во изјава за медиумите од Апенините ја даде неговата прогноза по шансите на Македонија во полуфиналниот бараж против Италија за СП во Катар.

„Јасно е дека пласман на Мундијалот за нас би бил огромен успех. Ако ја поминеме Италија, во полуфиналето би било вистинско фудбалско чудо. Но, да бидам искрен, тоа е само еден натпревар и ништо не се знае. Ако лично се прашуваме, мислам дека шансите ни се 50:50. Нема да се предадеме предвреме, Македонија има свои шанси иако Италија е голем фаворит.“ – изјави Елмас.