понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Интервентна приведе скопјанец: Ги признал делата, а признал и нова кражба која ја направил

Интервентна приведе скопјанец: Ги признал делата, а признал и нова кражба која ја направил

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Скопје на 18-ти околу 15 минути по полноќ на ул.„Втора Македонска бригада“.

Тој бил баран со потерница поради сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“, од кои за две веќе му биле поднесени кривични пријави.

-Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата за кои му биле поднесени кривични пријави. Исто така, Ш.А. признал кражба во деловен објект на 10/11.03.2020, а документирана е и кражба на 16.02.2022 во фирма на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, за што исто така ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.