вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ се пласира во финалето на кошаркарскиот Куп

ТФТ се пласира во финалето на кошаркарскиот Куп

Кошаркарскиот тим на ТФТ влезе во избраното друштво тимови кои играле во финалето од Купот на Македонија, откако вечерва, во првото полуфинале од годинешната завршница во СРЦ „Кале“, убедливо ја совладаа Академија ФМП со 94-72.

Победата на избраните на тренерот Боро Смилковски е потполно заслужена, со оглед што го имаа водството во речиси целиот меч, а во поголем дел од него тоа беше двоцифрено.

Александар Костовски со дабл-дабл ефект со 16 поени и 10 асистенции беше најкорисен играч, додека веднаш до него со учинокот беше Ландриус Хортон со 20 поени и пет скока. Били Ајви со 20 поени и шест скока беше најдобар кај ФМП.

Противник на ТФТ во големото финалето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе биде подобриот од пресметката помеѓу МЗТ Скопје и Феникс во вечерашното второ полуфинале од 19.30 часот.