Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 5.103 нови случаи на коронавирусот и 59 починати.
Кај нашиот северен сосед досега од вирусот се заразиле вкупно 1.879.237 лица, а регистрирани се 14.787 смртни случаи. Во болниците во моментов се 3.936 пациенти, од кои 143 се на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 17.025 лица, а од март досега вкупно 8.621.254.