петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ивица Обрван останува селектор на Босна и Херцеговина

Ивица Обрван останува селектор на Босна и Херцеговина

Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина ја очекува настапот во баражот за Светското првенство наредната година, а како што стојат работите Ивица Обрван ќе остане селектор.

Босанскиот портал „СпортСпорт.ба“ објави дека Обрван дефинитивно останува селектор и во наредниот циклус за договор со важност од четири години.

Обрван во наредните денови треба да го објави и списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот против Грција.

Натпреварот против Грција Босна ќе го игра на 20. март во Тузла во спортскиот комплекс „Мајдан“, три дена порано е првиот натпревар во Грција.