недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден го свика Советот за безбедност поради Украина

Бајден го свика Советот за безбедност поради Украина

Американскиот претседател Џо Бајден за денеска свика состанок на Советот за национална безбедност на Белата куќа поради ситуацијата во Украина, стои во соопштение за печат објавено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

– Утре претседателот ќе свика состанок на Советот за национална безбедност за ситуацијата во Украина, информира таа.

– Претседателот Бајден продолжува да ја следи ситуацијата во Украина што се развива и редовно се информира за случувањата на терен од неговиот тим за национална безбедност. Тие потврдија дека Русија може да изврши напад против Украина во секое време, се додава во соопштението.