Турскиот пејач Мустафа Сандал, кој е поранешен сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, се ожени со две децении помладата избраничка Мелис Сутшуруп.
Како што пренесуваат турските медиуми, Мустафа и Мелис во кругот на најблиските си кажале „ДА“.
View this post on Instagram
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од нив. Без скапоцени одела и бела венчаница, Мелис и Мустафа својата љубов ја крунисаа во тајност далеку од очите на папараците. Двајцата за нивниот најубав ден се одлучија да се облечат во црна боја.
View this post on Instagram
За потсетување, Емина и Мустафа се разведоа во 2018 година по десет години брак.