сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наредните денови пониски утрински температури, најстудено во петок

Наредните денови пониски утрински температури, најстудено во петок

Врнежите што денеска ја зафатија земјава со помал интензитет ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток.

До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е в петок наутро.

Нови врнежи се очекува да започнат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер.

Најнови вести