петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж предаден во охридскиот затвор, нападнал сограѓанин и оштетил автомобил

Маж предаден во охридскиот затвор, нападнал сограѓанин и оштетил автомобил

На 21.02.2022,  по преземени мерки и врз основа на решение од Основен суд Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(41) од Охрид.

Тој, на 19.01.2022 во 19:40 часот, во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот.

Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид.