На 21.02.2022 околу 20:45 часот во с.Митрашинци, беровско, полициски службеници од Полициската станица Берово пронашле патничко возило „хјундаи галопер“, со беровски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(35) од с.Митрашинци, натоварено со огревни дрва без соодветна документација.
Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.