Доктор Андон Чибишев смета дека една од новите препорачани мерки на Комисијата за заразни болести е прерана, избрзана и погрешна одлука.
-Бремените жени кои беа ослободени од работните обврски, да се вратат на работните места. Бремените жени се посебна група на пациенти кои се во посебна физичка, психолошка и здравствена состојба која треба да биде под апсолутна опсервација на државните институции. Од почетокот на пандемијата до денес искуствата покажаа дека тие се повеќе изложени на инфекција од корона вирусот, развиваат сериозна клиничка слика и за жал некои од нив и го изгубија животот заради компликации од Ковид инфекцијата, вели Чибишев.
Докторот смета дека неговите колеги треба да ја преиспитаат одлуката.
-Почитуван Господине Министре, за прв пат апелирам, не ја прифаќајте препораката од Комисијата. Ниедна фирма нема да претрпи штета ако една или две трудници не доаѓаат на работа уште еден или два месеци. Ве молам сериозно размислете, пишува докторот на Фејсбук.