понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поведена постапка за дилер од Струга​

Поведена постапка за дилер од Струга​

Наредба за спроведување истражна постапка донесе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против 28-годишен стружанец, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на 21 февруари 2022 година, во гаража која осомничениот ја користел во близина на неговиот дом во Струга, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана. Дрогата која осомничениот неовластено ја држел заради продажба, била со вкупна нето маса од 433,8 грама, спакувана во една најлонска кеса.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да влијае на сведоците. ​