Италијанската полиција денеска соопшти дека запленила имот вреден повеќе од 800 милиони евра, кој им припаѓа на тројца браќа осомничени за врски со калабриската мафија Ндрангет.
-Недвижниот имот се состои од бројни компании, супермаркети, еден од најголемите трговски центри во Калабрија на југот на Италија, како и недвижен имот, вклучувајќи две луксузни вили, се наведува во соопштението на финансиската полиција.
Меѓу конфискуваните средства се тековни сметки, луксузни мотоцикли и Ферари.
Судството веќе неколку години го истражува имотот на тројцата браќа, од кои на едниот му се суди.
Станува збор за браќата Франко, Паскулино и Марчело Пери, синови на Антонио Пери, кој беше убиен во 2003 година пред еден од неговите супермаркети.