недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Убедлив пораз на кошаркарите, овој пат од Грузија

Убедлив пораз на кошаркарите, овој пат од Грузија

Кошаркарската репрезентација на Македонија го доживеа третиот пораз во третото коло во квалификациите за пласман на СП 2023. По поразите од Шпанија и Украина, „црвено-жолтите“денеска се поразени на гостувањето кај Грузија со убедливи 91:70.

Македонија на денешниот дуел настапи без неколку стандардни кошаркари, Дамјан Стојановски, Ѓуроски, Димитријевиќ, Магдевски, а беше лишена и за селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на коронавирус.

Војдан Стојановски со 15 поени и Дамјан Робев со 13 поени беа најдобри кај „црвено-жолтите“, добра партија прикажа и Бојан Крстевски со 11 поени и 11скока. За одбележување е дебито на Андреј Митревски, кој постигна три поени, како и на Павел Данаиловски и Валмир Какруки, кои добија минути на теренот, но не се запишаа во листата стрелци.

Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Мекфаден, беше најпрецизен кај Грузија со 26 поени, додека Шермандини имаше учинок од 20 поени и 15 скока.
Следниот натпревар во квалификациите за СП 2023,кошаркарите ќе го играат в недела против истиот противник.