Седумкратниот европски првак Милан планира да потроши 100 милиони евра на засилувања следното лето.
Играчите од француската Лига 1 ќе бидат примарна цел на „росонерите“, но тренерот Стефано Пиоли исто така има интересен план да го засили нападот без да плати отштета.
Златан Ибрахимовиќ се уште е исклучително важна фигура на „Сан Сиро“, но врвот на неговата кариера одамна помина и клубот мора да размислува за помлади опции. Пиоли го сака Андреа Белоти во својот тим, а италијанскиот напаѓач исто така нема ништо против Торино да го замени со Милано.
Белоти постигна дури 101 гол во Серија А, а договорот со „биковите“ му завршува на крајот од оваа сезона.
28-годишниот напаѓач има големо искуство играјќи во елитниот италијански ранг, а покрај Торино го носеше и дресот на Палермо.