петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Еден детаљ од средбата Русија – Украина падна во ОКО на сите

ФОТО: Еден детаљ од средбата Русија – Украина падна во ОКО на сите

Преговорите меѓу Русија и Украина почнаа денеска во регионот Гомел во Белорусија, а претставниците на двете делегации седнаа на преговарачка маса со надеж дека ќе најдат мирно решение за конфликтот во Украина.

Делегациите беа пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Може да се чувствувате целосно безбедно. Тоа е наша света должност! Рече Мекеј.

Сепак, она што на сите им падна во очи е како се облекоа руската и украинската делегација.

Додека руската страна беше во јакни, панталони и вратоврски, украинската делегација дојде во нешто поопуштено издание.

Имено, како што може да се види на фотографиите од почетокот на средбата, само двајца претставници на украинската страна биле во одела, додека другите во џемпери и елеци.

Лидерот на партијата „Слуга на народот“, Дејвид Арахами, еден од членовите на украинската делегација, се одлучи за кратки ракави и капа.

До него седел министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, кој носи зелен џемпер.

Последен на фотографијата, десно, е советникот на шефот на кабинетот на претседателот, Михаил Подољак, кој се одлучи за црн стајлинг.

Фото: Profimedia