вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски телефонски разговарал со Бајден: Мора да го запреме агресорот што е можно поскоро

Зеленски телефонски разговарал со Бајден: Мора да го запреме агресорот што е можно поскоро

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи во телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден дека е важно да се запре „агресорот“ Русија што е можно поскоро.

– Само што имав разговор со американскиот претседател. Разговаравме за антируските санкции и за одбранбена помош за Украина. Мора да го запреме агресорот што е можно поскоро, објави Зеленски на Твитер по повикот. (МИА)