четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Во САБОТА ќе се случи „ДЕНОТ НА ЧУДАТА“, астролозите велат дека ова се случува еднаш во годината

Во САБОТА ќе се случи „ДЕНОТ НА ЧУДАТА“, астролозите велат дека ова се случува еднаш во годината

Само еднаш во годината се случува ден кој астролозите го нарекоа „ден на чудата“, а оваа година ќе се случи на 5-ти март.

Тој ден ќе биде и конјукција на Јупитер и Сонцето, што дополнително ќе влијае на хороскопските знаци.

Јупитер менува знак секои 12 до 13 месеци и секоја година е во средба со Сонцето во друг знак.

Оваа година, “денот на чудата“ според хороскопот ќе се случи на 5-ти март и Јупитер ќе биде во Риби.

Рибите се знак на фантазијата, поместување на границите, уметноста, сочуството, означуваат сништа и исцелување. Астролозите  „денот на чудата“ во оваа смисла го дефинираат како изненадна и добродојдена промена на перцепцијата која нас од страв не води во љубов.

Јупитер носи среќа, авантура, желба за ризик, додека Сонцето ни дава снага, верба, енергија и елан.

Кога ќе се сретнат на небото, а оваа година тоа ќе се случи на 5-ти март во нас буди желба да промениме тоа што не чини, а воедно ни дава снага тоа да го направиме.

Може да е во прашање работата, љубовта или некоја важна одлука, 5-ти март како „денот на чудата“ е ден кога би требало да тргнеме во реализација на своите планови.