четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ со важна порака до српските граѓани (ВИДЕО)

Вучиќ со важна порака до српските граѓани (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ упати важна порака до граѓаните во која нагласи дека Србија не е во никаква војна, ниту ќе биде и дека ќе ги зачува мирот и стабилноста.

-Ве молам, драги граѓани на Србија, не наседнувајте на трикови, провокации кои велат дека немаме доволно нафта, нафтени деривати, да ги проверувате прифатилиштата, дека нема да има доволно храна. Ќе има доволно храна, бензин и се што ни треба во иднина затоа што за тоа се погрижи одговорната и сериозна српска држава, вели Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.

Тој додаде дека нема потреба граѓаните да брзаат некаде, или да бараат нешто посебно.

-Однесувајте се нормално, како и секој ден, бидејќи ќе го зачуваме мирот и ќе видиме како брзо напредува српската економија. Ви благодариме за почитта и ви благодариме за вербата во српската држава, рече Вучиќ.