четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД УКРАИНА: Син го снимил убиството на татко му – „Тато, немој да умреш“

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД УКРАИНА: Син го снимил убиството на татко му – „Тато, немој да умреш“

Радио Слободна Европа објави вознемирувачко видео од Украина, на кое се гледаат сите ужаси на војната во оваа земја.

На снимката, како што пишува РСЕ, е прикажано убистото на Олех Булавенко од градот Иванков во Киевската област, а целата сцена ја снимил неговиот син.

Имено, двајцата евакуирале дел од семејството, а потоа се вратиле во градот Иванков за да спасат три кучиња. Успеале да стигнат до нив, но при напуштањето на градот наишле на руски конвој, па застанале настрана.

-Закочи и застани настрана. Можеме ли да се вратиме?, го прашал синот таткото. Кога почнале да се враќаат наназад, конвојот почнал да пука кон нив.

Таткото бил погоден, а неговиот син викал: „Тато, те молам не умирај, издржи“.

Радио Слободна Европа наведува дека Олех подоцна починал од повредите. Едно од трите кучиња останало живо, но одбило да го напушти телото на убиениот газда.

РСЕ пишува дека провериле и дека во моментот на нападот немало украински сили во близина. Снимката од нападот датира од 25 февруари, односно е снимена на вториот ден од руската инвазија.

Предупредуваме дека видеото е со вознемирувачка содржина: